23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Шекеринска: За Рамковниот договор имаше многу скепса, но создаде клима на заедништво

„Се сеќавам на некој од првите чекори кои беа во фазите на имплементација на Охридскиот договор, тоа беа зголемување на учеството на немнозинските заедници во полицијата и во армијата и тоа се сметаше и за ризично и за проблематично, чинеше многу пари“, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска на тематската седница посветена на јубилејот од Рамковниот договор, но како што додаде, мислам дека 20 години подоцна веќе во последниве 10 години сме свесни дека тоа е една од најголемите силни аргументи во полза на подобро функционирање и на армија, сигурна сум истото може да се каже и на полицијата.

-Правичната застапеност, како и зголемените ингеренции на општините биле многу контроверзни теми кои денес се вредност плус, рече Шекеринска.

Според неа ако се вратиме назад 20 години ќе се потсетите дека Охридскиот договор не беше договор кој што за многумина беше популарен и постоеја големи сомнежи и постоеше голема скепса главната од тие скепси беше дека тој давајќи повеќе права на етничките заедници ќе ја зголеми дистанцата, ќе ја зголеми одвоеноста на заедниците во државата и ќе ја намали кохезијата.

-И покрај уставните одредби и покрај законските обврски кои даваа права на заедници, тој успеа да создаде политичка клима на заедништво и на една држава која што има внатрешна кохезија, додаде Шекеринска.

За министерката за одбрана Охридскиот рамковен договор е единствениот балкански договор кој се смета за успешен и според она што било дискутирано и на Преспа форумот и на дискусиите што ги имала со луѓе кои го разбираат Балканот, тие велеле дека малку бил различен патот да се дојде до Охридскиот договор, многу рискантен, меѓутоа клучната разлика помеѓу Охридскиот договор и останатите договори е имплементацијата.