7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Османи: Охридскиот рамковен договор беше база за Преспанскиот договор со Грција и договорот со Бугарија

„Охридскиот рамковен договор е политички бисер кој што е внатрешна сила која што не подготвни да се соочуваме со надворшените предизвици. Тој е база за потпишување на двата други договори, со Бугарија и на Преспанскиот договор со Грција“ кажа министерот за надворешни работи, Бујар Османи на тематската седница на Владата посветена на 20 годишнината од Охридскиот рамковен договор.

Тој додаде дека овој договор се зема за пример насекаде низ светот, а изрази и задоволство што секој ден се повеќе се прифаќа и внатре во земјата.

„Со јубилејот на Охридскиот рамковен договор одбележуваме и 20 години автентична историја и успешна интеграција внатре во државата. Тоа е предизвик за сите модерни земји, а во нашиот регион е вистинска реткост“ потенцираше Османи.

Премиерот Зоран Заев на седницата истакна дека министерот Османи, како и вицепремиерот Никола Димитров се сведоци на тоа колку светот сака да употреби нешто автентично и дека Охридскиот рамковен договор е употреблив во многу аспекти во регионот, а и пошироко во светот.

Можеби ќе ве интересира

Каранфилова –Пановска од Неготино: Програмата на Мантев со низа мерки за лицата со попреченост

ДЕСК

Мицкоски: СДСМ имаат слоган со кој велат се бориме за домот, на кој дом мислат на Халкидики или во Дубаи

ДЕСК

Поведена истрага во Виница за тешка телесна повреда на едно лице

ДЕСК