23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Груби: Оваа коалиција рушеше табуа и во 2002 година

„Посебно драго ми е што годишнината ја одбележуваа токму оваа коалиција која што рушеше табуа во 2002 година и се до 2006 ја презема огромната одговорност и храбро го трансформира нашето општество“, истакна првиот потпретседател на Владата, Артан Груби во говорот на тематската седница посветена 20-годишнината од Охрискиот рамковен договор. Тој кажа дека целта на седницата е да го означи почетокот на одбележувањето на оваа јубиларна годишнина на на еден таков значаен документ кој што донесе мир, го промени уставот и општеството и ни ги отвори евроатлантските перспективи, по што ги најави настаните по повод одбележувањето.

-Мотото на прославата е „По Охрид“. По свечената седница на Владата, вечерва имаме изложба на уметнички дела од уметници од сите саедници во Мала Станица во Скопје, за да продолжиме потоа со театарска претстава, документарен филм на кој што силно предлагам да учествувата, во петок во 15:30 часот, седница во Собрани, конференции во три универзитети, концерти, вклучување на немнозинските заедници и невладините организации, настани во Струга, Кичево и Чаир како општини кои што се директен резултат од имплементацијата на договорот, итн. Во основа, сите институции кои што се основани или се резултат на охридскиот договор, ќе оддржат по еден соодветен настан. На крај, на 13 август, во соработка со Универзитетот Колумбија од Њу Јорк, организираме конференција на која што е потвдено учеството на државниот врв, но и на пријателите од меѓународната заедница, посебно 4 предводници, НАТО, ЕУ, ОБСЕ и САД, но и протагонисти од времето како што се Питер Фејт, Дејвид Слин, Роберт Сери, Бренда Пирсон, Пол Вилиамс, Дејвид Филипс, и така натаму, кажа Груби.

Груби истакна дека истовремено, во соработка со консултантите ангажирани од ЕУ, коишто работат на реорганизацијата на државната управа, бил изготвен модерен предлог-закон за работата на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, кое според него, а во согласност со коалицискиот договор, се надградува во мало, ефективно Министерство коешто ќе се грижи за правата на сите заедници, не само етнички, туку на сите можни припадности.

-Заедно ги систематизиравме сите вработени по К5 програмата по повеќе од 10 години напори и обезбедивме дом за сите вработени и сите заедници и поврзани институции на едно место и сето тоа во првите шест месеци од оваа влада, заклучи Груби.