Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Експремиерот стана директор: Груевски газда на фирма за продажба на порцелан во Унгарија

Поранешниот македонски премиер, кој во 2018 година пребега во Унгарија по отворените судски постапки против него во земјава, станал газда на фирма со седиште во Пецел, предградие на Будимпешта, објави унгарскиот портал 24.hu. Медиумот наведува дека дејности за кои е регистрирана компанијата на 15 јули се продажба на порцелан, средства за чистење, стаклени садови, организација на настани и конференција, но и бизнис консалтинг и менаџмент.

Фирмата на чие чело е Груевски е заведена под името ДОО И.Ц.И.Ц., а поранешниот македонски премиер, како што се наведува во текстот на 24.hu, при регистрацијата дал адреса на живеење во Скопје. Груевски ја напушти Македонија во есента во 2018 година (11 ноември) пред да добие акт за издржување на двегодишна затворска казна за предметот „Тенк“ кој се однесуваше на набавка на блиндираниот Мерцедес.

Но, тоа не е единствена активност на Никола Груевски во унгарската престолнина. Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, според Петер Сијарто, министер за надворешни работи на Унгарија, во меѓувреме станал и советник на премиерот Виктор Орбан за Западен Балкан.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК