Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Конкретните мерки за заштита на светското наследство на Охридскиот Регион се препознаени и уважени од УНЕСКО

Соопштение на СДСМ:

Заложбите на парламентарното мнозинство, на Владата, на единиците на локалната самоуправа и на надлежните институции за заштита на светското наследство на Охридскиот регион се објективно препознаени и валоризирани.

Со консензус е донесена одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО – природното и културно наследство на нашиот Охридски Регион да не биде впишано на листата на светско наследство во опасност.

Со оваа одлука Комитетот укажува дека го препознава и уважува напредокот на Република Северна Македонија насочен кон зачувување на исклучителната универзална вредност на Охридскиот Регион.

Ова е конкретна потврда за преземените мерки, за напредокот за заштита на вредностите на Охридскиот Регион, но и предупредување дека мораме постојано да го штитиме охридското, македонското и светското наследство.

Ова не значи дека работата е завршена, пред нас се бројни предизвици, но со силна посветеност и ангажираност заеднички ќе ги надминеме.

Во периодот што престои, како што најави Владата, заедно со Албанија, ќе ја засилиме соработката и координацијата со Центарот за светско наследство и советодавните тела на УНЕСКО, како и со Европската Унија и другите стратешки партнери, со цел комплетна имплементација на Планот за управување со светско природно и културно наследство во Охридскиот Регион.

Северна Македонија продолжува со исполнување на препораките на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство во соработка со општинските власти во Охрид, Струга и Дебарца како и со граѓаните и надлежните институции.

СДСМ преку владата и институциите што ги предводи останува целосно посветена на заштита на Охридскиот Регион, но и на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните кои живеат во тој регион признат како светско наследство.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Минчев на средба со амбасадорот на Кралството Шведска Сулстром

ДЕСК

Нова поштенска марка ја одбележува улогата на жените во градењето мир, 25 години од Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН

ДЕСК

Меморандум на МОН и ИНОФЕИТ за соработка во унапредувањето на дигиталните вештини на наставниците, со фокус на вештачката интелигенција

ДЕСК