20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дуџак: Со децении Охрид е оптоварен со несоодветно и често нелегално градење

Веста дека Охрид не е ставен на Листата на загрозени светски наследства е добредојдена, вели постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија, Росана Дуџак.

Според неа ваквата вест носи три важни пораки: прво, одлуката на Комитетот за светско наследство да не го стави Охрид на листата не ја намалува итноста да се делува и покрај дополнителните две години што се дадени за да се избегне таа судбина.

„Со децении, Охрид е оптоварен со несоодветно и често нелегално градење, со слаб менаџмент на рибниот фонд и недостаток на заштитни механизми за животот под вода. Долго време гледавме апатија кон природните и културните богатства. Проблемите со кои се соочува Охрид сега бараат сеопфатен пристап не само во надминувањето на акумулираната штета, туку и за сето понатамошно планирање и менаџирање на областа. Времето да се делува е сега“, вели таа.

Втората порака е дека двегодишното одложување е неверојатна можност за значително зголемени напори кон корективни мерки и подобро менаџирање со местото.

Сега, вели Дуџак, сите напори мора да се удвојат за да се вратат вредностите за кои Охрид е поставен на листата на меѓународни природни и културни богатства.

„За тоа е потребно координирано делување и блиска соработка меѓу сите засегнати страни, вклучително и локалната и централната власт, граѓанскиот сектор, граѓаните на Охрид и Струга, туристите и меѓународната заедница. Во таа смисла, ги поздравуваме неодамнешните напори на Владата и на општините Охрид и Струга. Ги поздравуваме и посветените напори на граѓанските организации на оваа тема. Подготвени сме да ја обезбедиме поддршката потребна за Охрид да не заврши на Листата на загрозени светски наследства“, вели таа.

Конечно, додава Дуџак, одлуката покажува дека мора заедно да го заштитиме природното и културното богаствто на Охрид.

„Мора да делуваме заедно зашто Охрид ни припаѓа на сите нас, на луѓето што живеат на неговото крајбрежје, преку институциите и оштините што го менаџираат неверојатното културно и природно богатство, до сите нас, до граѓаните на Северна Македонија и до граѓаните на светот. Охрид е богатство за целиот свет и наша заедничка обврска е да го заштитиме и зачуваме, за нас и за сите идни генерации“, вели постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија, Росана Дуџак.

Можеби ќе ве интересира

МЖСПП: И градот Охрид добива мониторинг станица за квалитет на воздухот

M T

Посебен сообраќаен режим во Охрид поради „Преспа форум дијалог 2022“

M T

Министерките за култура на Србија, Албанија и на Северна Македонија на прошетка во старото јадро на Охрид, на „Отворен Балкан“

M T

Дводневен самит на „Отворен Балкан“ во Охрид

M T

Земјотрес во јужниот дел на Охридско езеро, почувствуван во Охрид и околината

M T

39 санкции за брзо возење на територија на СВР Охрид

M T