22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Анкета на Рејтинг: Сигурна победа на СДСМ во Крива Паланка, 69% задоволни од работата на Николовски

Последното истражување на јавно мислење спроведено од страна на агенција за испитување на јавно мислење „Рејтинг“, покажува дека кандидатот на СДСМ во Крива Паланка ќе победи на локалните избори.

Анкетата спроведена со методот „лице в лице“ на примерок од 400 испитаници, ги мери рејтинзите на партиите, задоволството од локалната самоуправа, но и главните проблеми со кои се сочуваат жителите на Крива Паланка за кои локалата власт треба да најде решение и да се фокусира во следниот мандат.

Според истражувањето, дури 50,1% од испитаниците одговориле дека работите во општината се одвиваат во правилна насока, наспроти 42,8% кои сметаат дека се одвива во погрешна. Како главен проблем во општината граѓаните во анкетата го навеле реконструкција на улиците и патишта, па на второ место е урбанистичкото планирање и уредување на општината, а на трето е недостатокот на паркинг места.

Речиси двојно повеќе граѓани сметаат дека градоначалник на СДСМ подобро би се справил со овие проблеми отколку градоначалнк на ВМРО-ДПМНЕ. Имено, на прашањето:
„Кој поуспешно би се справил со клучните проблеми со кои се соочува Крива Паланка?, 35,8% рекле дека тоа би бил градоначалник од редовите на СДСМ, 20,1% градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, додека 21% рекле дека ниту од едната ниту од другата партија. Остнатите испитаници не дале одговор или не можеле да оценат.

Исклучително голема поддршка кај испитаниците има генералниот секретар на СДСМ и заменик премиер, Љупчо Николовски.

Согласно истражувањето, на прашањето: „Општо земено, колку сте задоволни од работењето на Љупчо Николовски, заменик на Претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси?“, високи 69% од испитаниците рекле дека се целосно или главно задоволни додека само 25% рекле дека се незадоволни од неговата работа. Останатите не дале одговор или немале мислење по однос на ова прашање.

Што се однесува до рејтинзите, истражувањето на „Рејтинг“ покажува сигурна победа на СДСМ и коалицијата на следните локални избори.

На прашањето, „Доколку локалните избори се оджруваат утре, за листата на која од партиите би гласале?“ 37,7% рекле дека би гласале за СДСМ, 25,9% за ВМРО-ДПМНЕ, 2,2 % проценти за Левица, 19% рекле дека се неопределени, 5,1% одбиле да се изјаснат, а 8,8% рекле дека нема да гласаат. Мал процент, односно, 1,2% рекле дека ќе гласаат за некоја друга партија.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T