Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

204 сообраќајни прекршоци во Скопје, 118 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 204 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 118 санкции, 26 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење без возачка дозвола, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, седум за возач почетник.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Сеизмолошка опсерваторија излезе со детали за потресот – ова се деталите

ДЕСК

ЗЕМЈОТРЕС ПОЧУВСТВУВАН ВО СКОПЈЕ: Регистриран потрес со јачина од 3.5 степени

ДЕСК

Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија

ДЕСК