7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Царовска од Битола: Како може некој да биде патриот, а да не се грижи за тоа дали ќе имаме лекари и наставници?

„Горда сум што по 30 години конечно зборуваме за реформи и инвестираме во образованието. Нема држава која сака европски и светски стандарди, а притоа не инвестира во образованието. Како може некој да биде патриот, а да не се грижи дали ќе имаме лекари, наставници?“ запраша потпретседателката на СДСМ и министерка за образование, Мила Царовска, на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Битола.

„Сите тие што гледаат дека образованието не чини, или ги праќаа децата надвор или ги запишуваа во приватни училишта. Со години директно се уништуваа потенцијалите. Затоа поставивме амбициозни цели, мора да одиме со брз чекор, затоа што 12 години ништо не се помести на подобро, туку се уназади“ рече Царовска.

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ сега, не само што ги кочи реформите, туку и продолжува да ги деградира наставниците. Сепак, министерката увери дека новиот концепт, кој започнува да се применува за учениците во прво и четврто одделение од септември, ќе ги покаже резултатите и сите ќе застанат зад него.

Минситерката за образование додаде дека треба да се слушаат младите и да се сервисираат нивните барања, за да им се покаже дека и тие учествуваат во политиките и дека се дел од државата, за својата иднина да ја гледаат тука.

„Социјалните стипендии ги зголемивме двојно и воведовме субвенциониран оброк. Социјалната стипендија е 6050 днари, а субвенционираниот оброк е 2400 денари. Тоа значи дека околу 9 илјади денари ќе добива студент од ранливо семејство, за да учи и да биде посветен само на учењето. После тоа тој ќе врати на државата, затоа што чувствува дека државата се грижи за него“ потенцираше Царовска.

Таа додаде дека вратени се и стипендиите за втор и трет циклус на студии, наместо да се стипендираат мал број ученици да одат надвор, плаќајќи десетици илјади евра по студент.

„Дома немаме асистенти по физика, хемија и на технолошките факултети. А како да имаме кога не стипендираме магистерски и докторски студии? Не може да креираме асистенти и да ги растеме во професори. Некој сакал системски да го уништи високото образование. Затоа ги вративме стипендиите од 9 илјади денари за втор циклус и 18 илјади денари за трет цилкус“ кажа Царовска.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Маричиќ: Со европската перспектива обезбедуваме повеќе европски програми и нови можности за младите

M T

Младите да бидат активно вклучени во носењето на одлуки – Клубот на млади пратеници и ИДУЕП во заедничка посета на Валандово

M T

Битиќи на конференцијата на ОЕЦД: Младите треба да имаат место на масата, нивниот глас мораме да го слушаме кога носиме одлуки за нивната иднина

M T

Маричиќ: Судските реформи се клучни за забрзување на евроинтеграциите

M T

Алкохолот им штети само на младите, а на постарите може ДУРИ да им биде корисен

M T

Села: Отворањето на преговорите со ЕУ се од витално значење и надеж за реформи во системот

M T