Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Дожд и невреме пред доаѓањето на студени утра

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до четврток ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, а денес и утре и појава на грмежи.

Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните делови каде во текот на овој период ќе наврнат над 30 l/m².

Дневната температура ќе биде во опаѓање, а во четврток и петок утринската наместа ќе се спушти и под нулата.

Ќе дува северен ветер, кој во четврток ќе биде засилен, повремено силен.

Прогноза за 23.04.2026
Минимална температура: -1°C до 8°C
Максимална температура: 12°C до 20°C

Променливо облачно претпладне со врнежи од дожд во југоисточните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 24.04.2026
Минимална температура: -2°C до 7°C
Максимална температура: 15°C до 24°C

Променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 25.04.2026
Минимална температура: 1°C до 9°C
Максимална температура: 16°C до 25°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +