Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведена жена која пријавила дека е нападната, а потоа била агресивна со полицајците кои ѝ зеле изјава

Полицијата утрово ја приведе 37-годишната Ј.Р. од Свети Николе.

Доцна синоќа жената била донесена во Градската болница, откако претходно се јавила во полицијата и пријавила дека била нападната во Центар. Рекла дека нападот го извршиле неколку лица со тврд предмет.

Кога полициските службеници дошле во болница за да и’ земат изјава, ја привеле за нарушување на јавниот ред и мир.

Од МВР велат дека жената агресивно се однесувала кон полициските службеници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

СЕ КРЧКА НЕВРЕМЕ ВО АТМОСФЕРАТА: Пороен дожд, ветер и град можни во следните денови

ДЕСК

Пукање во скопско Шишево, еден повреден

ДЕСК

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК