9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев и СДСМ го оддржуваат водството пред Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на изминатите анкети

На прашањето „Доколку денеска се одржат парламентарни избори, за која политичка партија ќе гласате“ 18,9 отсто од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, додека 16,3 отсто изјавиле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а понатаму следуваат ДУИ, Алијанса за Албанците, Левица, БЕСА и ДПА, покажува најновата анкета на „Брима“, која ја споделија социјалдемократите.

Владејачката партија соопшти дека станува збор за теренска анкета правена од агенцијата „Брима“ во периодот од 28 мај до 16 јуни, преку ТАПИ методот, а во која биле опфатени 1.194 испитаници, со маргина на грешка од плус минус 2,8%.

-Ако се земе предвид и рејтингот на Движење БЕСА која е дел од коалицијата „Можеме“ со која настапивме на парламентарните избори, тогаш рејтингот на оваа коалиција е уште повисок и изнесува 22,8 отсто, информираат од СДСМ.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев останува политичар со убедливо највисок рејтинг и најголема доверба од граѓаните.

На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба?“ 12,6% одговориле дека тоа е Зоран Заев, а за Христијан Мицкоски се изјасниле само 6% од испитаниците.

Податоците исто така покажуваат дека граѓаните се силно поставени на европскиот курс и дека не гледаат алтернатива на ЕУ, соопштуваат од СДСМ, додавајќи дека анализата значи пораз на структурите кои заговараат  свртување од европската агенда, враќањето кон изолација и поделбите.

Споредено со исто истражување од „Брима“ спроведено во јули минатата година, евидентен е растот на довербата кај граѓаните кон претседателот на партијата Зоран Заев од 3.1 процентен поен, а раст бележи и рејтингот на СДСМ.

Претходно и анкетата на реномираниот институт ИРИ, објавена кон средината на јуни, покажа предност на кандидатите на СДСМ пред оние на ВМРО-ДПМНЕ, за претстојните локални избори.
Истражувањето покажа дека доколку денеска се одржат локални избори, граѓаните повеќе преферираат кандидати на СДСМ кои би освоиле 19% од гласовите, додека предложените кандидати од ВМРО-ДПМНЕ би имале поддршка од 16%. Трета партија, според рејтингот, би била ДУИ за чии кандидати би се одлучиле 8%, а зад неа се Алијанса за Албанците и Левица со поддршка од 4%.

Од политичките личности, Заев е прв според довербата на граѓаните со 10 проценти поддршка, а на второ место е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со 6% доверба.

Во ниту една од анкетите, Христијан Мицкоски не успева да го претекне Зоран Заев, судејќи според поддршката од македонските граѓани, а истиот тренд се забележува и по искажаната доверба во партиите.

Спонзорирано: