11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Анкета на Брима:  Заев води пред Мицкоски и има двојно поголем рејтинг

Од декември наваму денешната анкета изработена од агенцијата „Брима“ е веќе четврта анкета која покажува водство на СДСМ пред останатите партии. На прашањето „Доколку денеска се одржат парламентарни избори, за која политичка партија ќе гласате“ 18,9 отсто од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, додека 16,3 отсто изјавиле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, понатаму следуваат ДУИ, Алијанса за Албанците, Левица, БЕСА и ДПА.

Ако се земе предвид и рејтингот на Движење БЕСА која е дел од коалицијата „Можеме“ со која СДСМ настапи на парламентарните избори, тогаш рејтингот коалиција со СДСМ е уште повисок и изнесува 22,8 отсто.
Како и на претходните анкети претседателот на СДСМ Зоран Заев останува политичар со убедливо највисок рејтинг и најголема доверба од граѓаните, тој има 12,6 осто доверба, додека за Христијан Мицкоски се изјасниле само шест отсто од испитаниците.

Споредено со исто истражување од „Брима“ спроведено во јули месец 2020 година, евидентен е растот на довербата кај граѓаните кон претседателот Зоран Заев од 3.1 процентен поен, а раст бележи и рејтингот на СДСМ, што покажува дека довербата од граѓаните постојано се зголемува.

На прашањето „Што е подобро за нашата земја, да стане или да не стане членка на ЕУ?’ огромни 76,3 отсто од испитаниците одговориле дека е подобро да станеме членка на ЕУ.

Анкетата на „Брима“ е правена во периодот од 28 мај до 16 јуни, на терен, во домовите на испитаниците, преку ТАПИ методот, при што се опфатени 1.194 испитаници. Маргината на грешка е плус минус 2,8 отсто.

И според анкетата на ИРИ минатиот месец за локалните избори, граѓаните повеќе преферираат кандидати на СДСМ кои би освоиле 19% од гласовите, додека предложените кандидати од ВМРО-ДПМНЕ би имале поддршка од 16%. Трета партија, според рејтингот, би била ДУИ за чии кандидати би се одлучиле 8%, а зад неа се Алијанса за Албанците и Левица со поддршка од 4%.

И тогаш од политичките личности, Заев е прв според довербата на граѓаните со 10 проценти, а на второ место е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со 6 проценти доверба исто како и лани во февруари.

Оваа анкетата е спроведена во периодот март/април на репрезентативен примерок од 1.222-ца испитаници со маргина на грешка од 3,6 %.

Исто така Меѓународната организација на изборни системи ИФЕС од 20 мај до 4 јуни спроведе телефонска анкета на 1.111 испитаници во Македонија која покажа дека изборната коалиција на СДСМ со Беса е во предност од 4% пред опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

За коалицијата СДСМ и движењето Беса се изјасниле 20 проценти од анкетираните граѓани на Македонија, а за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 16 отсто.

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев ја имаше поддршката од граѓаните и според анкетата што ја спроведе агенцијата „М проспект“ за Телма и МЦМС, во декември.

Анализата на Телма и МЦМС покажала дека недоверба во Мицкоски има и кај останатите етнички заедици, посебно кај Албанците, а ниска доверба за Мицкоски има и кај гласачите и од другите партии од опозицијата, со кои Мицкоски сака да соработува.

Спонзорирано: