Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Некој не може дете да си лечи затоа што нема државјанство, Левица да каже што и е замерката, а не да блокира нечива социјална помош

„Ако не го пуштите па АА-ААА ќе го блокира Собранието, ако го пуштите па Левица блокира. Ние се трудиме на сите да им објасниме што е важно. Ние имаме граѓани во државата кои што по Закон треба да добијат државјанство а не добиле државјанство.

Со новиот Закон само ги проширивме критериумите и олеснивме постапката, тие се некаде околу 15-16 нови критериуми согласно постапката од 2003, 2004 не се сеќавам кога е донесена. Ја вградивме европската регулатива внатре како се издава државјанство на вака сложени случаи кои имале проблем во нормална постапка за добивање на државјанство.

Не ја слушам замерката од Левица која е, би ја адресирал и би ја коментирал и би ја решил ако знам која е. Тие викаат не може ќе блокираме и готово. Сакам да знам кој е проблемот во Законот, ние седнавме … и навистина во разумен дијалог најдовме решение. Видовме дека сите години наназад 2 децении наназад аплицирале 2400 луѓе ама еден да е треба да го решиме проблемот и сега го најдовме решението од друга страна Левица блокира иако е помала политичка партија важно е да видиме кои се причините. Јас би ги разгледал би апелирал за амандман прифаќање …

Некој чека, некој не може поради тоа социјална помош да земе, некој не може да си лечи детенце или самиот да се лечи поради тоа што нема државјанство и нема документи. Важна работа е, едно семејство да е најважно на свет е, рече премиерот Зоран Заев.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК