17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Со законските измени за 10% се зголемува давачката за фирмите кои произведуваат канабис, неколку милиони евра годишно ќе одат за ретки болести, за медиумски фонд, за култура, спорт

Со законските измени за 10% се зголемува давачката за фирмите кои произведуваат канабис, неколку милиони евра годишно ќе одат за ретки болести, за медиумски фонд, за култура, спорт.

– Значајна работа е што 10% од трошоците од вкупните фактури којшто ќе ги имаат изработено доаѓаат на посебна сметка во Владата која што заедно со МФ и МЗ ја изработува каде што дел процент одат на агенцијата за лекови, дел за агенцијата за медицински канабис, еден дел одат за ретки болести, едниот дел од за медиумскиот фонд, еден дел оди за култура и образование и еден дел за спорт. Така се поделени по 1,25% ако не се лажам по проценти. Тоа се сериозни пари од вкупниот обем. Тој дел од 10% се смета трошок на кампњата и на крајот си плаќа 10% данок на добивка. Тие се новините односно затвораме една регулатива.

Не се точни тврдењата дека со Законот ќе се овозможи извоз на сушен цвет. Тој веќе се извезува, по табелите кои министерството ги усвои согласно регулативите од ООН и европските регулативи тој се извезува. Имаме извоз на сушен цвет…“, вели премиерот Зоран Заев.