Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Генералниот секретар Николовски со честитка за Курбан Бајрам: Ова е ден кој возвишува благородни дела, да продолжиме да го унапредуваме нашето заедничко општество

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски,по повод празникот Курбан Бајрам во име на партијата и во свое лично име упати честитка до верниците од исламска вероисповед.

„Го честитам празникот на сите граѓани, припадници на исламската вероисповед, со желби за добро здравје, радост, духовен мир и спокој во вашите семејства.

Курбан барјам е празник кој возвишува благородни дела и шири универзални вредности – добрина, милосрдие, хуманост, солидарност, меѓусебно помагање и почитување, кои го прават светот подобро место за живеење.

Да продолжиме заеднички во тој дух, да го унапредуваме нашето општество на еднакви можности во кое културните, етничките и верските разлики се богатство. Честит Курбан Бајрам!“ стои во честитката на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Можеби ќе ве интересира

Скопје во црно: Во тешка несреќа загина 18 годишно момче

ДЕСК

Петрушевски со сериозни обвинувања: СДС е еднакво на ССМ, денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Синоптичарите со повеќедневна прогноза за времето

ДЕСК