Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Тие ги почитуваат работничките права: Претседателот на Колумбија ја скрати РАБОТНАТА НЕДЕЛА

Колумбискиот претседател Иван Дјук потпиша закон со кој постепено се скратува работната недела од 48 на 42 часа, без да се намалат работничките права.

По потпишувањето на законот, Дјук рече дека Колумбија на тој начин се приклучува на најдобрата практика на безбедност при работа.

Законот предвидува обврска на работодавачот постепено да ја скратува работната недела во следните пет години. Две години по стапувањето на сила на законот, работната недела ќе се скрати за еден час неделно, а по три години за уште еден час.

Четири години по стапувањето на сила на законот, работната недела ќе се скрати за уште два часа неделно – до 42 часа.

Можеби ќе ве интересира

ИМАТЕ ПАРИ ВО БАНКА, НО КОЈ ГИ НАСЛЕДУВА АКО ВИ СЕ СЛУЧИ НЕШТО? – Што треба да знае секое семејство

ДЕСК

КИНА ЈА ПРЕЗЕМА ВОДЕЧКАТА УЛОГА ВО ЗЕЛЕНАТА ИНДУСТРИЈА – Обезбедила 23 од 36 големи светски проекти

ДЕСК

ВИ ПРЕФРЛИЛЕ ПАРИ ПО ГРЕШКА – Дали смеете да ги потрошите и што може да следува?

ДЕСК