Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уапсен скопјанец, украл автомобил од паркинг

34-годишен скопјанец е уапсен откако украл автомобил од паркинг на пазарчето во скопската општина Ѓорче Ѓетров.

Вчера по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистички работи Ѓорче Петров уапсен е Е.Х.(34) од Скопје, поради тоа што истиот ден од паркинг покрај пазарчето во Ѓорче Петров одзел патничко моторно возило „југо 45“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.П.(65) од Сарај.

Возилото, како што извести полицијата е пронајдено во с.Рашче и вратено на сопственикот и со ова е целосно расчистено кривично дело по член 242 од Кривичниот законик одземање на моторно возило.

По документирање на случајот против Е.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК