22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ започнува нова фаза на интензивни теренски активности, почнува активноста од врата на врата

Продолжуваме силно на терен меѓу граѓаните, СДСМ го носи најдоброто за секоја општина! СДСМ, како водечка партија во државата, постојано е со граѓаните, заедно креира храбри мерки и политики што водат кон напредок, соопштија од СДСМ од каде најавија дека започнува нова фаза на интензивни теренски активности, СДСМ оди од врата на врата, пред домовите на сограѓаните.

– Тимови во секоја општинска организација, партиски функционери и членови ќе го посетат секој дом, да разговараме за сработеното, но и да ги слушнеме нивните потреби и сугестии. Партнерски, со граѓаните ја создаваме најдобрата програмска понуда на СДСМ, која ќе го подобри квалитетот на животот во секоја општина, на претстојните локални избори. Сите предлози, коментари и барања кои ги добиваме на маалските и урбаните средби, на граѓанските трибини, веќе се анализираат и систематизираат.​ Еднаков пристап ќе заземеме и кон предлозите кои ќе стигнат преку проектот од врата до врата. Нашата посветеност и ангажираност го носи најдоброто, подобар живот во секое населено место, концепт кој носи развој и интеграција, велат од СДСМ.

Спонзорирано: