Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Приведен скопјанец кој крадел струја за да „копа“ биткоини

На подрачјето на скопската општина Ѓорче Петров, вчера полицијата го уапсила 37-годишниот В.П, кој се товари дека со украдена струја вршeл „копање“ на криптовалути (биткоин).

Како што информираат од МВР, при претресот извршен кај него, било констатирано дека врши кражба на струја, при што биле пронајдени и одземени 7 компјутери специјализирани за собирање криптовалути, т.н. ‘мајнери’.

Лицето е приведено, а по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави за кражба на електрична енергија и тешка кражба.

Можеби ќе ве интересира

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

ДЕСК

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

ДЕСК

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

ДЕСК