Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Тигрите апсеа во Дебар Маало – во раце на полицијата паднаа 6 лица, пронајдени дрога и оружје

На 16.07.2021 околу 23.30 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и САЕ „Тигар“, при преземени заеднички мерки и активности на подрачјето на Дебар Маало, пред угостителски објект ги лишиле од слобода Г.П.(34), Н.С.(35), двајцата од Скопје, бидејќи при преглед извршен кај нив биле пронајдени и одземени две ќеси со кокаин, наменет за продажба.

На ул.„Боемска“ бил лишен од слобода и С.Г.(25) од Скопје, кој управувал патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, затоа што при преглед и кај него е пронајден кокаин, а поради управување на возило под дејство на алкохол и наркотични супстанци, тој бил исклучен од сообраќај и изречена му е соодветна санкција.

На истата улица се лишени од слобода и А.А.(24), Б.И.(20) и О.А.(23), сите од Скопје, кои се превезувале со патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, бидејќи при преглед биле пронајдени нож и дрвена палка. И кај нив биле констатирани сообраќајни прекршоци, кои биле соодветно санкционирани. Лицата се приведени и предадени на Полициска станица Центар и по документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

МВР со важна вест околу плаќањето на казни за граѓаните кои ги добиле преку Сејф сити

ДЕСК

Спасовски: Недозволиво е Законот за Влада да се носи спротивно на договорот меѓу партиите

ДЕСК

ИЗМАМА ВО ПРИЛЕП: Осуденик пријавил дека бил оштетен за 890.000 денари

ДЕСК