4. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УХМР издаде метео предупредување – Од попладнево се очекуваат поројни дождови, грмежи, силен ветер и град во делови од Македонија

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од денес попладне до вторник ќе преовладува променливо облачно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер (над 90 км/час) и услови за појава на град.

Температурата од утре ќе биде во постепено опаѓање.

Прогноза за 18.07.2021
Минимална температура: 14°C до 21°C
Максимална температура: 29°C до 36°C
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. УВ=7

Прогноза за 19.07.2021
Минимална температура: 13°C до 20°C
Максимална температура: 28°C до 35°C
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. УВ=8

Прогноза за 20.07.2021
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 27°C до 35°C
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8