22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски во посета на Пустец: Продолжуваме со интензивна поддршка во постојано унапредување на квалитетот на животот на Македонците во Мала Преспа

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Амбасадорот на Република Северна Македонија во Тирана, Данчо Марковски, денеска, при посетата на Општина Пустец, Мала Преспа во Албанија, заедно со своите домаќини Васил Стерјоски, пратеник во албанскиот Парламент од партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и градоначалникот на Општината, Пали Колефски, ја посетија градинката во склоп на заедничкото основно и средно училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓоргијовски“, каде беше предадена донацијата од играчки, реквизити и подароци за најмалите жители на општина Пустец.

Оваа донација наменета за најмладите, со заложба на министерот Спасовски, беше обезбедена преку генералниот директор на општествено-одговорната компанија „Витаминка“, Сашо Наумовски од Прилеп.

Минатата година обновата на училиштето, која опфаќаше реновирање на училниците и инфраструктурно уредување на училишниот двор и дворот на градинката, беше завршена благодарение на личниот ангажман на премиерите на Република Северна Македонија, Зоран Заев и на Република Албанија, Еди Рама.
Со денешната донација, пак, целосно е заокружен овој проект кој е од големо значење за општина Пустец.

По предавањето на донацијата, министерот Спасовски одржа работна средба со градоначалникот Колефски, пратеникот Стерјовски и членови на Македонска алијанса за европска интеграција.
На средбата уште една беше потврдена поддршката од министерот Спасовски и генерално од Владата за понатамошно унапредување на животот на Македонците кои живеат во Албанија.
„На средбата разговаравме за можностите за реализација на нови инфраструктурни и комунални проекти од интерес на граѓаните на Пустец. Мојата комплетна поддршка, поддршката на целата Влада во насока на континуирано унапредување на квалитетот на животот на Македонците во Пустец продолжува. За таа цел, за дваесеттина дена планирано е да биде пуштен со работа и Граничниот премин Џепиште – Требиште, и тоа со 24-часовно работно време. Реализацијата на ова прашање на кое со години укажуваа жителите од Голо Брдо ќе биде од исклучително значење како од економски, така и од културен и политички аспект“, потенцираше министерот Спасовски во текот на денешната посета на Пустец.

Претставниците од заедницата на Македонците во Албанија и градоначалникот Пали Колефски на работната средба уште еднаш изразија исклучително задоволство од отвореноста за соработка со Владата во изминатите неколку години, која што се одвива во континуитет, каква што во минатото немале со ниедна претходна влада, а успешното градење на пријателски односи ќе продолжи и понатаму во реализација на многу други проекти од заеднички интерес.

Можеби ќе ве интересира

Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, во посета на Македонија

M T

Министерот Спасовски во Букурешт оствари работна средба со Огуз Серкант Акин, директор на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК

M T

Реализирана билатерална средба на министерот Спасовски со неговиот романски колега Боде, на која беа потпишани и два документа за зацврстување на соработката

M T

Маричиќ во дводневна работна посета на Прага

M T

Спасовски: Обединети сме во слободата, а чувањето на независноста е наша заедничка обврска

M T

Работна средба на министерот Спасовски со Шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која

M T