Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈА

Невреме зафати поголем дел од Македонија

Невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер зафати поголем од Македонија, информира УХМР.

И во Скопје попладнево беше нестабилно со пороен дожд и грмежи. Делови од котлината ги зафати краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од денес попладне до вторник ќе преовладува променливо облачно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер (над 90 км/час) и услови за појава на град.

Температурата од утре ќе биде во постепено опаѓање.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. УВ=8

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК