Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестТЕМАМАКЕДОНИЈА

Попов на трибината ,,Најдоброто за нашата општина“: Каде им се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, чекаат листите да им се напишат во Будимпешта?

СДСМ има многу повеќе направено од ВМРО-ДПМНЕ за многу покус период, нагласи организацискиот секретар на СДСМ Мартин Попов на граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“ од Крушево.

Тој истакна дека ние ја покачивме минималната плата, просечната плата, невработеноста е на рекордно ниско, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, ние се грижиме за граѓаните, инвестираме во граѓаните во човечкиот капитал.

Додека ние за сме постојано со граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да копираат, но им се случи фијаско, секоја копија е полоша од оригиналот, истакна Попов.

Тој додаде дека СДСМ ја има најтранспарентната постапка за кандидирање на градоначалници и советници за локалните избори.

Во постапката се пријавија 630 кандидати за градоначалници и над 5.000 кандидати за советници, што зборува дека луѓето веруваат во нашите социјалдемократски вредности, го прашавме членството за најдобрите кандидати и ги избравме првите 30 кандидати за градоначалници, меѓу кои е и Томе Христоски и кои гарантираат дека ќе победиме во општините од каде доаѓаат, рече

Од другата страна, кај ВМРО-ДПМНЕ владее мрак, не знаеме што се случува, не сме слушнале за никаква процедура, тоа е нормално, листите им ги подготвуваат во Будимпешта и наскоро ќе им ги испорачаат, истакна организацискиот секретар на СДСМ Мартин Попов од граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ, ГРМЕЖИ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија неколкудневна прогноза

ДЕСК

Трагедија: Македонски државјанин на возраст од 20 години пронајден починат во Саранда

ДЕСК

Ужас во Македонија: Две жени полово злоставиле две дечиња од кои едното имало едвај 3 години, а другото 10 – мајката ги снимала и снимката ја пратила кај таткото

ДЕСК