23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Лукаревска во Крушево: Наместо поделби на подобни и неподобни, денес градиме едно општество за сите

„За да живееме слободно треба да застанеме на патот на неправдите, поделбите и дискриминацијата. Ние тоа го покажавме преку нашиот основен концепт – едно општество за сите. Од 2006 до 2017 година се сеќавате дека живеевме во поделби на подобни и неподобни, а денес приоритет и иднина ни е концептот едно општество за сите“ кажа заменичката претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Крушево.

Таа кажа дека тоа значи градење на еднакво општество во кое секој граѓанин ќе има фер шанса за образование, успешни економски процеси, фер шанса во здравството и при вработувањата.

„За разлика од тие кои што денес сакаат да ја блокираат цела држава, ние преку ова еднакво општество за сите, со сите разлики, сме уште побогати и знаеме по кој пат се движиме“ рече Лукаревска.

Таа додаде дека ако 11 години живеевме во режим и изолација, уназадување и страв, во овие 4 години со факти и бројки може да се зборува за проекти што овозможија добробит на граѓаните и на државата.

„Денес Северна Македонија е 30 земја членка на НАТО. Денес седиме на маса со нашите пријатели, поддржувачи, сојузници како Македонци кои зборуваат македонски јазик и како такви ќе влеземе и во Европската Унија“, потенцираше Лукаревска.