Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Лукаревска: СДСМ покажа дека татковината се сака со работа, со проекти за подобрување на животниот стандард

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Крушево со факти и бројки ги поткрепи мерките и политики на СДСМ, кои носат повисок животен стандард за сите граѓани во државата.

Најсвеж пример се измените во законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизацијата, со кои 1.100 стечајци ќе добијат месечен надомест од над 9.000 денари, истакна Лукаревска, додавајќи дека досега повеќе од 13.000 стечајци се со решен статус и вратено достоинство.

Таа нагласи дека поголемиот дел од ребалансот на буџетот, односно 2,7 милијарди евра се наменети за инвестиции во човечкиот капитал, што носи унапредување, раст и развој напредок.

Со предлог законот за отпис на камати, ќе бидат отпишани 10 милини евра камати на 150.000 граѓани, како помош и поддршка, рече Лукаревска.

Таа нагласи дека преку ТАВ програмата, во вредност од 49 милиони евра ќе се реализираат 94 проекти низ општините во државата.

Ги зголемивме платите на работниците, во армијата, полицијата, здравството, образованието, работиме да го задржиме вистинскиот животен стандард, а не оној од времето на ВМРО-ДПМНЕ лажно поткрепен со задолжувања, сеење страв блокади, истакна Лукаревска.

Таа нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ во минатото тепаше студенти, а ние денес обезбедивме по 2.400 месечно за студентски оброк

Вака се сака татковината, со работа за подобрување на животниот стандард, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Крушево

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +