Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ е фаворит на претстојните избори, го има најдоброто за секоја општина, ВМРО-ДПМНЕ е сама и изолирана во своите деструкции, велат од владејачката партија

Реакција од СДСМ на прес-конференцијата на Миле Лефков од ВМРО ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ нема кандидати за претстојните локални избори, никој не сака да соработува со лузери, на кои граѓаните на сите избори во изминатите четири години им испорачуваа само порази.

Кај граѓаните одамна не минуваат лагите, блокадите и опструкциите од Белата палата, граѓаните сакаат резултати, посветена работа за решавање на нивните проблеми, за унапредување на државата, подобрување на животниот стандард, повисоки плати.

Токму затоа партнер на граѓаните е СДСМ и СДСМ заедно со граѓаните ја креира најдобрата кадровска и програмска понуда.

До СДСМ беа поднесени 630 кандидатури за градоначалници и 5.000 кандидати за советници, преку можноста за самокандидирање, но и во постапките во рамки на партијата.

Големиот интерес е доказ дека граѓаните ги препознаваат вистинските политики на СДСМ, и уште еден показател дека СДСМ е фаворит на локалните избори.

Додека СДСМ предничи во промените, додека СДСМ го носи најдоброто за секоја општина, ВМРО-ДПМНЕ е сама и изолирана во својата деструктивна матрица, на спротивната страна на интересите на граѓаните и на државата.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата одзеде десетина возила: Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, осуммина од нив возеле без положен возачки испит, меѓу нив еден малолетник

ДЕСК

Полицијата упадна во кафичи, кафеани и ноќни клубови во Скопје – на три места се точело алкохол на малолетници

ДЕСК

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово

ДЕСК