Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Објавени првите 30 кандидати и кандидатки за градоначалници од СДСМ, излегуваме со најдобрата понуда за секоја општина

И на овие локални избори, исто како и на претходните, СДСМ заедно со граѓаните ја креира најдобрата програмска и кадровска понуда за секоја општина, соопштија од СДСМ.

– По спроведените испитувања на јавното мислење, анализите и истражувањата, консултациите со членството, Извршниот одбор на синоќешната седница ги дефинираше првите 30 кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

Сите кандидати за градоначалнички и градоначлници кои беа синоќа објавени во првата фаза се дел од најдоброто, блиски до граѓаните, чесни, одговорни индивидуи, со конкретни планови и решенија, секој за својата општина.

Процесот на создавање на најдобрата понуда за секоја општина продолжува. Како што ќе се завршуваат анкетите, истражувањата, анализите за останатите општини и како ќе се носат одлуки на раководството, тие јавно ќе бидат соопштени низ фази.

Кон почетокот на следниот месец ќе биде објавена уште една група на потврдени кандидати за градоначалници, во втора фаза, а очекувањата се до крајот на август да бидат објавени сите кандидати за градоначалнички и градоначалници во сите општини каде СДСМ ќе номинира свои кандидати.

Нема поголема чест и обврска да им се служи на своите граѓани. СДСМ тоа во овие изминати години го правеше најдобро што можеше и ќе продолжи да го прави и во иднина.

Затоа сме фаворити на претстојните избори, граѓаните препознаваат дека само со СДСМ е можен напредокот во секоја општина, дека само со СДСМ иднината на државата е во сигурни раце, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

СИЛНО ЗАЛАДУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Дожд, снег на планините и ветер, од вторник утрински температури под нулата

ДЕСК

РАМА СО ПОРАКА ЗА МАКЕДОНИЈА И ЕВРОПСКАТА УНИЈА – Албанија нема да се меша во одлуката за уставните измени

ДЕСК

МУЦУНСКИ ДЕНЕСКА ВО АТИНА – Македонија на состанок за иднината на Западен Балкан

ДЕСК