Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Делегација на Град Скопје во официјална посета на Подгорица

Делегација од Градот Скопје предводена од градоначалникот Петре Шилегов е во дводневна посета на Подгорица, по повод 13 Јули – Денот на државноста на Црна Гора. Шилегов оствари средба со градоначалникот на Подгорица, Иван Вуковиќ, како и со заменик-градоначалникот на Сараево, Харис Башиќ на која беше заклучено дека земјите од регионот треба да шират пораки на заедништво, а локалните самоуправи да бидат целосно посветени на граѓанските вредности со што ќе дадат придонес за развој и на градовите и на регионите.

Градоначалникот Шилегов на средбата истакна дека исклучително ги цени добрите односи меѓу двата града и нагласи дека таа успешна соработка ќе продолжи и во иднина.

По повод одбележувањето на Денот на државноста на Црна Гора, градоначалникот Шилегов вчера положи цвеќиња на споменикот „На партизанот борец“, а присуствуваше и на отворањето на изложбата „Меѓу фашизмот и антифашизмот: во 11 чина“, уметничка поставка на најпознатите сликари од Босна и Херцеговина и подарок на градот Подгорица од Градот Сараево. Изложбата „Меѓу фашизмот и антифашизмот: во 11 чина“ е поставена во познатата Куслевова куќа и ќе биде отворена до 13 август.

Градоначалникот Петре Шилегов присуствуваше и на приемот што на 12 јули го организираше претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, во Цетиње, по повод Денот на државноста.

Можеби ќе ве интересира

Осуденик нападнал друг затвореник со остар предмет во Затвор Прилеп

ДЕСК

ДРАМА ВО СОЦИЈАЛЕН ЦЕНТАР: Се заканувале, а едниот се обидел да ја нападне вработената

ДЕСК

Апсења на повеќе локации низ Скопје – Шест млади лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК