Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Одредбите во македонскиот Устав не може да се почитуваат селективно, Мицкоски продолжува со неодговорно однесување

Реакција од СДСМ на прес-конференцијата на Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ:

Дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја предлагаат Резолуцијата за да се усвои или за да заглави во формални процедури заради нивниот лажен патриотизам?

Колку и да не им се допаѓа на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, одредбите на македонскиот Устав не може да се почитуваат селективно.

Македонските државни позиции се силни и јасни, но ќе бидат уште посилни ако ВМРО-ДПМНЕ го прифати Договорот од Преспа како реалноста, реалност која овозможи Северна Македонија да стане полноправна членка на НАТО Алијансата со меѓународно потврдени македонски јазик и македонски идентитет.

Мицкоски очигледно одбра да продолжи со неодговорното и несериозно однесување.

Можеби ќе ве интересира

Претседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во Србија!

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче се заплетка во сопствените лаги, излажа за анкетите, а сега и дека поседува автомобил од 6.000 евра кој го нема во анкетниот лист, што уште крие Филипче од јавноста?

ДЕСК

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

ДЕСК