10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ останува синоним за нечесен, лицемерен однос кон земјоделците, може само да учи што значи вистинска грижа за земјоделството

Реакција од СДСМ на прес-конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ останува синоним за нечесен, лицемерен однос кон земјоделците, може само да учи што значи вистинска грижа за земјоделството

ВМРО-ДПМНЕ нема право да зборува за земјодлеството, 12 години како власт оваа партијаги уценуваше и ги делеше земјоделците, а субвенциите ги исплаќаше селектвино и ненавремено, а како опозиција се противеше на воведувањето зелена нафта, се противеше на повисоки субвенции за земјоделците.

За разлика од нечесниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон аграрот, СДСМ во континуитет покажува вистинска грижа за сите земјоделски гранки, за сите земјоделци, од сите региони, подеднакво.

Канџите на политиката се трнати од земјоделството, нема повеќе наши и ваши земјоделци, заврши деценијата во која селективно се делеа субвенции, грантови и државна помош.

Изминатите четири години кај земјоделеците преку субвенции и директна помош завршија речиси 430 милиони евра, а само од почетокот на годинава, по различни основи се исплатени речиси 3,5 милијарди денари субвенции.

Станавме регионални лидери во искористеност на ИПАРД фондовите. Искористеноста на ИПАРД 2 фондовите е 81% наспроти искористеноста на ИПАРД 1 од владата на ВМРО ДПМНЕ од само 18 проценти.

Обезбедени се грантови за млади земјоделци во визина од 20.000 евра, се поддржуваат жените од руралните средини, земјоделците се поддржуваат при обвнобување на меганизацијата, воведена е зелена нафта, се градат откупни центри, системи за наводнување.

Поддршката е реална и неселективна и е достапна до секој земјоделец, ВМРО-ДПМНЕ останува синоним за нечесен, лицемерен и потценувачки однос кон земјоделците и може само да учи што значи вистинска грижа за земјоделството.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T