Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фатен дилер на дрога од Гостивар

Скопското обвинителство поднесе обвинителен акт против 49-годишен гостиварец поради дрога.

„При извршен претрес од страна на овластени службени лица, на 30 јуни 2021 година кај наплатната рампа Глумово, кај обвинетиот биле пронајдени наркотична дрога хероин во вкупна количина од 50,25 грама и парични средства во банкноти со различна вредност во вкупен износ од 1640 денари и 880 евра“, соопштија од Обвинителството.

Заедно со обвинението, јавниот обвинител достави до Основниот кривичен суд Скопје посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетото лице.​

Можеби ќе ве интересира

Петрушевски со сериозни обвинувања: СДС е еднакво на ССМ, денешниот протест е измама, а не борба за работнички права

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Синоптичарите со повеќедневна прогноза за времето

ДЕСК

Минималната плата мора да се зголеми во март, рече Трендафилов

C +