Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Се преврте полициско возило – повредени тројца полицајци

Утрово во 03,37 часот во Скопје на крстосницата од ул.„Франклин Рузвелт“ со ул.„Орце Николов“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода јети“ сопственост на МВР, а управувано од К.Н. и патничко моторно возило „мицибуши спејстар“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(41) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобиле возачот (полициски службеник) на возилото “шкода јети“ и двајца сопатници (поолициски службеници) од истото возило, по што им била укажана помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК