Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

297 санкции за брзо возење на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (09.07.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 297 возачи. Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје – 83, а потоа на територија на СВР Битола – 49, на територија на СВР Штип – 45…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +