„Потребна е поголема проактивност, наместо реактивност во борбата против дезинформациите и лажните вести. Ние ја имаме јасната приказна, јасните вредности и не треба да се криеме. Треба да го искористиме тоа за промоција на нашите вредности“ кажа кажа националниот координатор за комуникации, Марјан Забрчанец на регионалната конференција против дезинформации на Регионалниот совет за соработка.
Како што објасни тој, потребни се неколку чекори во проактивноста, како што е засилена активна транспарентност, користење на дигитални комуникации, соработка со засегнатите страни и зајакнување на медиумската писменост.
„Ние сме на главниот пат и ги промовираме цивилизациските вредности. Противниците наши се во мрачните тунели, кои користат дезинформации и ботови“ рече Забрчанец.
Тој додаде дека случајот со лажните вести од Велес за американските избори во 2016 биле аларм за будење на нашите институции за преземање на конкретни чекори во борбата со дезинформациите.
„Случајот Велес не направи познати по извозот на дезинформации, иако тогаш како држава не можевме да преземем ништо, бидејќи вестите се споделуваа на платформи во САД. Овој случај ги алармираше институциите во Северна Македонија и не натераа да размислуваме за модели за превенција на вакви напади на демократијата. Моделот за кој зборуваме е развиен, делумно, благодарение на слуачјот Велес“ кажа Забрчанец.