10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев со амбасадорката на Србија-Билатералните прашања во преговарачките процеси со ЕУ опасен преседан

Премиерот, Зоран Заев, се сретна со Невена Јовановиќ, новоименувата амбасадорка на Република Србија во нашата држава.

На состанокот како што соопштија владините служби било заеднички констатирано дека постои одлична билатерална соработка помеѓу двете пријателски држави и дека е тоа добра основа за продлабочување на економските односи.

Било оценето и дека можностите од инфраструктурното поврзување помеѓу двете држави значат отворен простор за развој на економијата и на инвестицискиот амбиент, што носи економски придобивки за граѓаните на двете земји.

Во таа насока е потенцирано значењето на регионалното економско поврзување и на создавањето заеднички регионален пазар, којшто може да биде конкурентен на европските пазари и пошироко на меѓународен план.

Во однос на евроинтеграциските процеси во регионални рамки, било потенцирано значењето на продолжување на проширувањето на Европската Унија, како и на потребата од потврдување на довербата кон ЕУ, кон којашто целат сите земји од регионот, со проценка дека е опасен преседан, со пошироки последици на регионален план, дозволувањето навлегување билатерални прашања во преговарачките процеси.

Амбасадорката на Србија, притоа, пренесе јасна поддршка од Република Србија за европските перспективи на Република Северна Македонија и на почетокот на преговорите со ЕУ, велат од владата.

„Покажавме дека Западен Балкан може да биде извор на демократија и на стабилност и треба да продолжиме да се развиваме на економски план и почитувајќи ги европските вредности, со што ќе придонесеме во реализацијата на нашите евроинтеграциски цели“, рече премиерот Заев.

Заев, упатил благодарност до политичкото раководство на Србија и до граѓаните на Србија за покажаната солидарност и донираните вакцини за лекарите и медицинскиот персонал во нашата држава, во најспецифичните моменти за време на пандемијата, како и за тековниот процес на вакцинација што Србија го овозможи за граѓаните. Благодарност била изразена и од страна на српската амбасадорка Јовановиќ за поддршката од македонска страна во меѓусебната соработка, во првите месеци од пандемијата, како и за ослободувањето на српските граѓани кои патуваа летово низ нашата држава, од плаќањето патарини.

На состанокот било разговарано околу реализацијата на повеќе билатерални прашања, како што е отворањето на културно-информативните центри во двете држави, интересот за воспоставување реципроцитет за стекнување сопственост на приватен имот, унапредувањето на системот една гранична точка (Оne stop shop) којшто е почнат, соопштија од владата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Зоран Заев: Нека ни е честит и вечен Денот на демократијата

M T

Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

M T

Заев: Божик повикува да продолжиме да ги негуваме заедничките вредности

M T

Заев додели 8500 признанија на здравствените работници

M T

Констатирана оставката на премиерот Зоран Заев, почнуваат роковите за избор на нова влада

M T

Премиерот Заев доби плакета од студентите oд Универзитетот на Југоисточна Европа за поддршката и реализацијата на младинските политики

M T