Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Три лица, меѓу кои и малолетник, биле повредени во сообраќајна незгода во Скопје

Три лица, меѓу кои и малолетник, биле повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во вечерните часови во Скопје, информира МВР. Притоа едно од лицата добило тешки телесни повреди.

Според МВР, вчера, во 23.10 часот, било пријавено дека на крстосницата од улиците Коце Металец, Тајмишка, Гемиџиска и Ферид Бајрам се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ситроен“, управувано од М. Т. (50) од с. Волково, Скопско, и патничко возило „ауди“, управувано од М. Л. (48) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во незгодата тешки телесни повреди добила М. Т., а повреди добиле М. Л. и малолетен сопатник, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од екипа од СВР Скопје, информира МВР.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +