Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Штипјанец добил тешки повреди по пад од мотоцикл

59-годишен штипјанец добил тешки телесни повреди кога паднал на коловозот од мотоциклот што го управувал, соопшти полицијата.

Од таму појаснуваат дека, вчера, во 12 часот, било пријавено дека во Штип, на крстосницата од улицата Сутјеска со улицата Митко Соколов, Б. Ж. (59) од Штип, управувајќи го својот мотоцикл „генерик хор“, со штипски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

Во незгодата мотоциклистот добил тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип, информираат полициските служби.

Можеби ќе ве интересира

Граѓаните се навикнаа да се откажуваат: Прво од луксуз, потоа од нормален живот

ДЕСК

ДРАМА КАЈ ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Маж пријавил напад, едно лице имало остар предмет

ДЕСК

ТРОЈЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО КАРПОШ: Тепале полициски службеници

ДЕСК