Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени две лица фатени при кражба од автомобил

Две лица од Скопје биле лишени од слобода откога биле фатени при вршење кражба од патничко возило, соопшти полицијата.

Според информации од таму, вчера, околу 4 часот, на улицата Народни херои со улицата Михаил Чаков, од слобода биле лишени лицата В. Н. (25) и А. М. (37), и двајцата од Скопје, бидејќи биле фатени при вршење кривично дело тешка кражба од патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на П. А. (30).

Лицата се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, за случајот е известен јавен обвинител и по комплетно документирање, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат надлежните.

Можеби ќе ве интересира

Учество на Сиљановска-Давкова на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од ПСЈИЕ во Софија

ДЕСК

Царинска управа: Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење на 312 парчиња пури

ДЕСК

16-та седница на Уставниот суд

ДЕСК