Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

На Табановце се чека 40 минути за влез во Македонија

На граничниот премин Табановце за влез во државата се чека од 30 до 40 минути, а на другите премини нема подолги задржувања, соопшти АМСМ.

За излегување од Македонија, пак, на ГП Богородица има колони возила – и патнички и товарни. Сепак, долги задржувања нема иако се чека нешто подолго од вообичаено, веројатно поради контролата на документите за патување поврзани со правилата за заштита од Kовид-19.

На ГП Меџитлија нема ниту колони ниту застој. Задржувања нема ниту на Ќафасан кон Албанија и Деве Баир кон Бугарија.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +