8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

„Американската демократија е инспирација за сите“ – честитка од Заев за Денот за независноста на САД

Соединетите Американски Држави денеска го прославуваат 4 Јули, Денот на независноста, ден со кој се одбележуваат 245 години од усвојувањето на Декларацијата на независноста.

По тој повод, премиерот Зоран Заев упати честитка во која наведе дека традицијата на американската демократија е водилка и инспирација за сите прогресивни демократии во светот.

„Како стратешки партнер на САД, Северна Македонија е посебно горда што од 2020 година, Северна Македонија и САД се сојузници и во НАТО, најсилната воено-политичка алијанса во историјата на светската цивилизација. Од нашата независност до денес, нашата држава во САД има голем и посветен партнер и поддржувач и секогаш кога земјава беше ставена пред сериозни предизвици, имавме помош и поддршка за заедно да ги надминеме премрежјата и проблемите со бевме соочени“, наведува Заев во честитката.

Понатаму се додава дека нашите граѓани денес уживаат поголеми слободи и права, во постабилна, побезбедна и попросперитетна држава и заради нашето партнерство и сојузништво со САД, и заради поддршката што земјата континуирано ја добива низ разните програми за поддршка на развојот на нашата демократија и институции.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: Нека ни е честит и вековит Денот на народното востание, 11 Октомври

M T

Зоран Заев: Нека ни е честит и вечен Денот на демократијата

M T

Премиерот Ковачевски со честитка за Денот на независноста: Обединети во слободата да ги продолжиме перспективите, нека ни е честит и вековит Денот на независноста

M T

Министерот Спасовски со честитка по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март – за родово еднакво општество!

M T

Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

M T

Заев: Божик повикува да продолжиме да ги негуваме заедничките вредности

M T