Од двете страни, од нашата земја и од Грција согласно Преспаскиот договор има работи кои се реализирани но сеуште има работи кои треба да се дефинираат и имплементираат, рече Премиерот Зоран Заев во интервјуто за ТВ21.
-Но исто така очекувам меморандумите кои што се во грчкиот парламент да бидат побрзо усвоени, уште еднаш да знаат нашите граѓани се работи за меморандум со кој што со грчката авијација тие го покриваат и водат грижа за нашето македонско небо, втора важна работа е исто така меморандумот за поддршката на Република Грција на нашиот пат кон унификацијата во ЕУ, односно нашата интеграција во ЕУ и третиот е договорот за економската соработка кој што треба да биде.
Tој посочи дека тоа се убави договори, кпи носат бенефити за двете земји.
– Нашите работни групи од двете страни имаат сериозни успеси, проектите од Грција не постоеа ни проектни документации, главни, основни се завршени, веќе извештајот што го добив од работната група за „Маркова нога“ граничниот премин е многу позитивен со сите детали внатре како се обезбедени пари, кои се постапките што следуваат за имплементацијата, еден дел е пробиен самиот пат кај што доаѓа токму до нашиот граничен премин, ние сме готови, ние дури и вториот слој на асфалт го асфалтиравме и сме подготвени, штом ќе дојде асфалираното ќе ги поставиме и објектите во кои што ќе работата царинските службеници заради за граничен премин од еден такво калибар и добро е што почнаа во Грција исто така активности како и што кај нас се отпочнати за граничниот премин кај Кавадарци кој што исто така таму ќе се отвори, тоа е следна фаза но да чекориме еден по еден чекорите кои што се во тој дел на преспанскиот договор кои што значат јакнење на стратешкото партнерство и пријателство меѓу кои што ги има и овие два нови гранични премини, рече Заев.