Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски-Рикер: Натамошното јакнење на стратешкото партнерство е во интерес на двете земји

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Вила Билјана во Охрид го прими Филип Рикер, вршител на должноста помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања.

На средбата беше разговарано за остварувањето на надворешно-политичките приоритети на Република Северна Македонија, за унапредување на односите со САД, за интеграцијата во ЕУ, како и за актуелните состојби во регионот.

Соговорниците ги потврдија партнерските односи меѓу Република Северна Македонија и САД, одличната соработка и сојузништвото во рамки на НАТО Алијансата, како и подготвеноста за натамошно интензивирање на соработката во сите останати области.

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија и натаму останува посветена на реформските процеси, градењето на добрососедски односи и активно учествува во сите иницијативи во насока на унапредување на регионалната соработка.

„САД се наш долгогодишен сојузник и принципиелен поддржувач на реформите во областа на одбраната и безбедноста, владеењето на правото и независноста на судството, јавната администрација. Остануваме посветени на зацврстување на стратешкото партнерство и поттикнување на уште подлабоки пријателски односи меѓу двете земји“, истакна на средбата претседателот Пендаровски.

Претседателот посочи дека членството во ЕУ останува наша стратешка цел и дека Унијата мора да изнајде начин, да го вреднува досега сработеното и да овозможи дебоклокада на евроинтеграцискиот процес.

„Секое натамошно одложување на почетокот на преговорите го зголемува евроскептицизмот кај граѓаните, и негативно се одразува на политичките состојби во земјата“, додаде претседателот Пендаровски на средбата со Рикер.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК