Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски – Пахор: Деблокадата на Северна Македонија е предуслов за стабилноста на регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид имаше средба со претседателот на Словенија, Борут Пахор, кој учествува на меѓународната конференција „Преспа форум за дијалог“.

„Двајцата претседатели разменија мислења за актуелните состојби поврзани со аспирациите на земјите од Западен Балкан за членство во Европската Унија. Посакувајќи успех на претстојното шестмесечно словенечко претседателство со унијата, претседателот Пендаровски изрази очекување тоа да донесе придвижување во однос на интегративниот процес за земјите од Западен Балкан“, соопштија од Кабинетот на Пендаровски.

Тој истакнал дека Република Северна Македонија е позитивен пример во изнаоѓањето на решенија за внатрешните предизвици и отворените прашања со соседите и посочи дека деблокадата на нејзиниот интеграциски пат е еден од важните предуслови за просперитет и стабилност на државата, но и на регионот пошироко.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Трагедија во Скопје: Малолетно дете и жена паднаа од балкон од станбена зграда во Тафталиџе

ДЕСК

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +