Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Жаклина Лазаревска: СДСМ ги реализира ветувањата – пензионирање со возраст од 64 години со 15 години стаж

Прес-конференција, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

СДСМ реализира уште едно ветување дадено пред граѓаните и продолжува со вистинска грижа за сите.

Пратениците во Собранието ги изгласаа измените на Законот за работни односи.

Со ова се овозможува пензионирање со возраст од 64 години и со 15 години стаж, а останува можноста жените да одат во пензија со навршени 62 години возраст.

Продолжување на работниот однос до возраст од 67 години е можно, но само за дефицитарните кадри во здравството, високото образование и научно истражувачката дејност и тоа под строго дефинирани критериуми и постапки.

Со овој закон, кој ќе се применува од 30 јуни идната година се отвора можност за вработување на младите, но и се намалува бројноста во администрацијата.

СДСМ како одговорна партија, продолжува да работи во интерес за сите граѓани, продолжуваме со создавање и реализација на мерки и политики кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.

Благодарам

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +