17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСМОЗАИКИЗБОР

Пет најбарани професии – Повеќето беа „наметнати“ од короната, но тука се да останат

Кога короната започна минатата пролет, од ден на ден гледавме како се менува светот пред нашите очи. Сега, кога ситуацијата е многу постабилна, некои промени остануваат трајни.

Многу од нив се врзани за бизнисот и актуелните занимања.

LinkedIn направи пресек на професии што би можеле да доминираат во 2021 година, а ние ги издвојуваме најдобрите пет.

1.Работниците вработени во областа на трговијата преку Интернет и оние кои вршат достава – се дефинитивно една од најбараните категории на пазарот на трудот. Добрата вест е дека оваа работа не бара никаква специјална обука или доквалификација, но треба да бидете пргав, брз, оперативен, да бидете возач (ако се занимавате со испорака). На ниво на САД, растот на вработеноста во овој сектор е изразен преку 73 проценти од 2019 година.

2.И банкарите задолжени за заеми и кредити имаат полни раце работа овие месеци, поради кризата наметната од пандемијата. Од друга страна, ниските каматни стапки принудија многумина да влезат во процес на купување на својата нова, па дури и на нивната прва куќа / стан. Од 2019 година, вработувањето во овој домен е зголемено за 59 проценти.

3.Здравството е исто така област која продолжува да напредува, особено имајќи предвид дека скоро сите земји во светот ветија дека ќе инвестираат повеќе во него во наредните години. Имено, во 2021 година, фармацевтските техничари, негуватели, медицински сестри, здравствени тренери се многу барани. Така, вработувањето во овој сектор скокна на 34 проценти во споредба со претходната година – онаа пред короната.

4.Професионалците за развој на бизнисот и продажбата го заземаат високото четврто место на оваа листа. Од 2019 година, побарувачката за нив се зголеми на 45 проценти во Соединетите држави, а тие првенствено се занимаваат со финансии, консултации и стратегии.

5.Креаторите на дигитални содржини и експертите за дигитален маркетинг се едни од водечките занимања оваа година. Вработувањето е зголемено за 33, или 49 проценти од 2019 година. Бидејќи продажбата на Интернет заживеа за време на пандемијата, а целиот свет се „префрли“ на мрежи и Интернет, се појави потребата од овие експерти.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Обединети нации: Коронавирусот го уназади човечкиот развој за пет години

M T

Внимавајте при земање на овој витамин: Лекарите го поврзуваат со корона вирус

M T

Од 1 август нови правила за влез во Австрија поради корона вирусот

M T

Корона вирусот се појави и во Северна Кореја

M T

ПРЕЛЕЖАВТЕ КОРОНА? Еве неколку намирници кои ќе ви помогнат да го забрзате закрепнувањето на вашите бели дробови

M T

ОПАСНОСТ ОД КОРОНА ВО БАЊАТА – Ако сте прележале, фрлете ги овие предмети за да не се заразите повторно

M T