Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казнети 200 возачи во Скопје, 50 за брзо возење

На територијата на град Скопје биле изречени вкупно 200 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 50 казни, три санкции за управување возило под дејство на алкохол, 23 казни за прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикли и 24 за управување без возачка дозвола.

Во вчерашната засилена акциска контрола на МВР, биле изречени и десет санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, пет за некористење сигурносен појас, 10 за користење мобилен телефон при управување возило, две за недавање првенство на минување на пешаци, три за минување на црвено светло, 49 казни за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедност во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК