Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Прегазени жена и девојче во Скопје

Жена и девојче се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа во Скопје.

„На 28.06.2021 во 22:15 часот било пријавено дека на крстосница на бул.„Никола Карев“ и ул.„Прохор Пчински“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „гранд чироки“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц.(33), патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(46) и двајца пешаци Ќ.А.(44) и малолетничка, сите од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата пешаци, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје“, информира МВР.

Можеби ќе ве интересира

Милошоски: Улогата на Врховниот суд на дава придонес во владеењето на правото

ДЕСК

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК