Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Обраќање на претседателот Пендаровски на меѓународната научна конференција ,,Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура”

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на меѓународната научна конференција ,,Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура”, којашто се одржа во „Куршумли-ан“ во организација на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Делото на Конески и на останатите основоположници на современиот македонски литературен јазик, за жал, често е мета на оркестрирани напади и ирационални негирања. Станува збор за атак врз нашиот јазичен и културен идентитет пред кој ние не можеме и не смееме да останеме неми набљудувачи. Фактите и научната верификација на меѓународно ниво одат во наш прилог не оставајќи простор за импровизации и политички интерпретации“ порача претседателот Пендаровски во обраќањето.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

ДЕСК

ОСУМ МИГРАНТИ ПРОНАЈДЕНИ ВО ВОЗИЛО – Приведен 40-годишен албански државјанин

ДЕСК